Кога тепаат децата

Од:

Политика – Белград

16-годишна девојка претепала девојче, малолетник скршил рака на полицаец кој го апсел поради дилање на дрога, момче повредил човек со нож – само се некои од црните настани во август.

Поднесената кривична пријава против 16 годишната девојка која претепала две години помало девојче е последна во низата вести за малолетничкото насилство во последните десет дена. Помлади од 18 години овој август ги кршеле законите повеќе пати. Малолетник со нож нападнал маж во околина на Књажевац и му нанел повреди, 16 годишно момче продавал дрога во дворот на белградско училиште и при апсењето му скршил рака на полицаецот… Иако надлежните тврдат дека ова лето бројот на кривичните дела кои ги извршиле малолетници се дури за 40 отсто помали од ланските, загрижува степенот на бруталноста која овие деца ја покажуваат кон другите. Експертите сметаат дека во тие случаи закажале пред се семејствата, но и општеството.

– За правилен развој на детето најважно е семејството. Без желба да генерализирам, но економската криза, трката за пари, за преживување, доведоа до тоа родителите помалку време да посветуваат на децата, помалку се дома, децата главно се препуштени сами на себе. Исклучително е важно и родителите да умеат да препознаат дека постои проблем со детето, но ми се чини дека уште потешко е да прифатат дека нешто не е во ред и себе се ставаат во позиција на неуспешен родител. Затоа на почетокот проблемот се бутка под тепих, додека не ексалира, а тогаш е доцна да се направи било што по прашањето за превенција, па доаѓаме до строги мерки – вели за Политика Драган Роловиќ, директор на Заводот за воспитување на деца и младина во Белград.

Училиштето е тоа кое треба многу повеќе да се вклучи во целиот процес за превенција од насилства, смета Роловиќ. Порано, покрај образовната училиштето имаше и исклучително силна воспитна улога во животот на секое дете, но тоа денес е занемарено. Нашиот соговорник истакна постоење на посебен, тесно специјализиран образовен кадар кој се школува на Факултетот а специјална едукација и рехабилитација, специјални педагози кои се школуваат за работа со вакви деца.

– За жал, тие не се вклучени во образовниот систем, а мислам дека многу би придонеле. Макар еден ваков педагог на три училишта многу би значел. Тоа е многу важна работа која треба да се направи на полето на превенцијата – додава Роловиќ.

Тој наведе дека суштински проблем е што не постојат одредени програми кои би спречиле воопшто да дојде до насилства меѓу малолетниците. Многу поголема е штетата и општеството многу поскапо го чини кога детето веќе ќе направи кривично дело, отколку да се почне со превенција на време, пред се во училиштата, но и во семејствата – потенцира Роловиќ.

Минатата есен јавноста беше згрозена од фактот дека две деца од 10 и 11 години го нападнаа книжевникот и новинар Раша Попов во обид да му украдат пари. Тогаш голема полемика предизвика идејата да се помести старосната граница за кривична одговорност.

– Сепак се одлучивме таа да остане иста. Иако не е спорно дека се случува и деца под 14 години да направат по некое дури и тешко кривично дело, ставот на работната група беше дека ништо нема да се постигне со кривично гонење, бидејќи и тие санкции кои би им биле изречени, би биле благи, многу блиски со мерките за социјална заштита. И сите држави во нашето соседство имаат иста граница и таа е најчеста и во Европа – наведе за Политика Милан Шкулиќ, професор по кривично процесно право на Правниот факултет и член на работната група за изработка на нов закон за малолетници вршители на кривични дела.

Тој вели дека степенот на деликвентно однесување меѓу малолетниците е многу голем, што од статистиката на прв поглед не се гледа.

– Имено, кај полнолетните лица кај нас веќе долго изнесува меѓу 60 и 65 отсто. Обратно, статистиката бележи многу мал степен на вакво однесување кај малолетниците, само некои 12, 13 отсто. Кога тоа би било точно, Србија би била светски шампион во спречување на малолетничка деликвенција. За жал, се работи за тоа дека статистиката во малолетници сврстува лица кои повториле кривични дела додека се малолетници. Ако повториле кривично дело по завршување на 18 години, тие не се заведени како деликвенти, иако тоа навистина се. Според некои проценки, деликвентни малолетници се околу 80 отсто. Ако е за утеха, во Србија се целосно исти проценти како и ширум Европа – објаснува Шкулиќ.

Помалку кражби повеќе насилства

Според податоците на српското МВР овој јули пријавени се 370 кривични дела во чие извршување учествувале малолетници, што е за 40 отсто помалку од истиот период лани. Намален е и бројот на малолетници кои извршиле кривично дело за истиот период и тоа за една четвртина.

Малолетници извршиле убиство во Ниш, се обиделе да извршат убиство во Јагодина и во Нови Сад. Според статистиката на МВР намален е бројот на кривични дела против имот и јавниот ред и мир, но зголемен е бројот на кривични дела против животот и телата, во кои спаѓаат убиство, нанесување на тешки повреди и други видови на насилство.

Во поранешниот суд во Белград, во чии рамки е и одделот за постапки кон малолетници, ни рекоа дека на помлади од 18 години најчесто изрекуваат воспитни мерки.

Судиите многу ретко се определуваат за одредување на малолетнички затвор, лани на ниту еден малолетник не е изречена ваква казна.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ