Коѕијас: Среќен сум за одлуката во македонскиот парламент, обвинувањата дека сум управувал со тајни фондови се одвратни

Од:

Поранешниот грчки министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, изјави дека е среќен поради одлуката на македонскиот парламент да пристапи кон промена на уставот, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

„Преживувам парадокс. Поднесувам оставка, а истовремено се чувствувам среќен“, изјави Коѕијас при денешното предавање на функцијата на премиерот Алексис Ципрас, кој отсега ќе раководи со министерството.

Дипломатот кој беше главен преговарач за постигнување на договорот за името ја опиша одлуката на македонските пратеници како чекор напред, а освен тоа им заблагодари на македонскиот премиер Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и оние 80 пратеници кои синоќа гласаа за договорот.

Што се однесува до обвинувањата против него дека управувал со тајни фондови во грчкото министерство што служеле за финансирање на македонски медиуми, тој ги отфрли како одвратни.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он