Клинтон одликуван со Орденот на слободата на Косово

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска го одликуваше поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Бил Клинтон со високото државно признание на Косово, Орденот на слободата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи во оваа прилика изјави дека „нема одликување со кое може да се награди придонесот на Клинтон за слободата на албанскиот народ во Косово“.

Клинтон, кој допатува денеска во Приштина за да учествува на утрешната прослава на 20-годишнината од влегувањето на силите на НАТО во Косово, изјави дека „Косово е пример за демократија и посветеност на развојот и на животот во мир со соседите“.

– Косово заслужува да биде во Европската унија и во НАТО како независна држава, изјави Клинтон.

Како претседател на САД, Клинтон во 1999 година беше главниот поборник за интервенцијата на НАТО против тогашна СР Југославија, што, по 78 дневната воздушна кампања, резултира со повлекување на југословенската војска и полиција и распоредување сили на НАТО во Косово.

Денот на влегувањето во земјата на копнените единици на Алијансата, 12 јуни, во Косово се слави како ден на ослободувањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија