Клаус Јоханис побара отповикување на амбасадорите од земјите во кои Романците биле „понижени“ при гласањето

Од:

Десноцентристичкиот кандидат за претседател на Романија, Клаус Јоханис, кој по преброени 99,07 отсто од гласачките ливчиња води со околу 10 проценти пред кандидатот на социјалдемократите и актуелен премиер Виктор Понта, побара отповикување на амбасадорите од државите во кои Романците биле „понижени“ при гласањето.

– Амбасадорите и конзулите од земјите, каде што Романците биле понижени, да бидат отповикани, побара Јоханис, кој засега има освоено 54,50 отсто од гласовите на изборите, наспроти 45,49 процени поддршка за Понта.

И покрај пречките од страна на Владата, романската дијаспора успеала значително да се мобилизира во вториот круг од претседателските избори, а податоците покажуваат дека бројот на гласачите во странство е над половина милион лица.

Би можело да ве интересира

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски