Уште пред да потпадне под лупата на големата политика, Клаус Јоханис веќе беше легенда – сериозен Германец кој молчи и работи.
Потекнува од семејство на трансилваниски етнички Германци, кои по пензонирањето во 1992 година емигрирале во Германија. На прашањето зошто не го следел примерот на родителите, Јоханис признава дека неговата сопруга не се согласувала. Г-ѓа Кармен Јоханис е професор по англиски јазик на колеџ во Сибиу. Немаат деца.
Клаус Јоханис во 1983 година завршил Факултет по физика на Универзиеттот „Бабеш Бољај„ во Клуж и почнал да предава физика, а подоцна станал училишен инспектор во Сибиу.
Од годините пред да влезе во политиката датира еден спор, кој го врзува Клаус Јоханис со посредување во незаконско посвојување деца од странски граѓани, спор кој всушност не изнесе законски последици.
Од училишниот инспекторат, Јоханис се преселил директно на градоначалничкото место, подржан од Демократскиот форум на Германците во Романија. Во 1990 година, Јоханис бил еден од основачите на Форумот, а од 2001 година и негов претседател.
Од 2000 година, Клаус Јоханис е градоначеник на градот Сибиу, и е реизбиран со големо мнозинство во 2004, 2008 и 2012 година. Во 2007 година градот беше културна престолнина на Европа и му донесе слава и пари. Тогаш градот го посетиле еден милион туристи.
Градоначалничкиот мандат всушност на Јоханис му донесе не само слава, туку и судски проблеми. Во 2009 година, тој беше под истрага на Националната дирекција за борба против корупцијата, поради злоупотреба на службената позиција за враќање на имоти на лица кои не ги исполнувале условите. Истата година, Националната агенција за транспарентност по своја иницијатива го обвини за судир на интереси. Јоханис поднесе жалба на решението на Суд и го доби процесот во 2010 година.
Три години подоцна, Националната агенција за транспарентност издаде ново решение за судир на интереси. Јохаинс повторно го доби процесот во Апелацискиот суд на округот Алба, по што следуваше и произнесување на Врховниот касациски суд.
Иако беше популарен на локално ниво, Клаус Јоханис не беше политички играч на националната игра до 2009 година, кога дојде до распад на алијансата на Национално либералната партија (ПНЛ) и Социјалдемократската партија (ПСД) и смена на владата на Емил Бок по гласањето за недоверба. Тој тогаш беше „изваден од цилиндерот“ од страна на тогашниот лидер на ПНЛ, Крин Антонеску, и предложен за премиер. Иако во 2007 година беше награден со национален орден „Ѕвезда на Романија“, Трајан Басеску одби да го назначи Јоханис за премиер.
Завршувањето на Јоханис во големата политика беше изненадување – во 2013 година, кога Крин Антонеску не смо што го доведе во ПНЛ, туку и му ја додели позицијата на прв заменик претседател.
Јоханис се покажа како „врел компир“ во скандалот кој доведе до распад на тогаш владејечкиот Социјално-либерален сојуз (кој ги обединувапе ПСД и ПНЛ), откако Крин Антонеску се обиде да го proturka не само како министер за внатрешни работи, туку и како вицепремиер одговоорен за економија, што беше одбиено од премеирот Виктор Понта.
По изборите за Европарламентот, Крин Антонеску се повлече од раководството на ПНЛ поради слабиот резултат на партијата. Така Клаус Јоханис стана лидер на ПНЛ и кандидат за претседател на Романоја, прво само на партијата, а подоцна и на Христијанско-либералнот сојуз, кој ги обединува ПНЛ и Демократската либерала партија (ПДЛ).
Како претседател на ПНЛ, Клаус Јоханис не создаде впечаток дека ја контролира партијата и дека навистина сака подршка од сите либерали. И не станува збор само за Крин Антонеску. кој отворено изјави дека не го подржува за претседател.
Во своето претставување пред јавноста по влегувањето во светлото на камерите, Клаус Јоханис во основа се залагаше за минимална комуникација, или пак повеќе изгледаше дека бега од јавни изјави, отколку дека се обидува да ја убеди јавноста. Дали е тој навистина човек на делата и сака тие да зборуваат наместо него или нема многу што да каже, се уште не е јасно.
Останува да се види како „германската легенда“ ќе помине на жешкиот тест на претседателската функција и дали резултатите во локалната политика се доволен услов за успех и во националната лига.
Заире – Букурешт