Кипар против дополнителни санкции за Русија

Од:

Министерот за надворешни работи на Кипар Јоанис Касулидис се изјаснил против дополнителните санкции кои Европската унија ги подготвува против Русија, јави ИТАР-ТАСС, повикувајќи на кипарскиот весник „Сајпрес меил“.

Касулидис го изразил својот став на неформалната средба на министрите за надворешни работи од земјите членки на Унијата во петокот во Милано.

На средбата тој истакнал дека „праксата на наложување санкции не ги дала посакуваните резултати и оти решението на украинската криза не може да се постигне по воен пат. Тој ја потенцирал неопходноста на „фокусирање на напорите на ЕУ на преговорите за овозможување прекин на огнот“.

Би можело да ве интересира

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата