Кинескиот претседател во Србија носи проекти од три милијарди долари

Од:

Претседателот на Кина, Си Џинпинг пристигнува во официјална посета на Белград со неговата сопруга Пенг Лјуан и делегација од дури 200 луѓе. Како што информира државниот секретар во Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија, Дејан Трифуновиќ, кинескиот претседател носи проекти вредни над 3 милијарди долари. Меѓу нив се изградба на ново пристаниште на Дунав во Белград, вредно околу 280 милиони евра.

Тој кажа дека ќе бидат реализиран важни инфраструктурни проекти во склоп на механизмот за соработка на Кина со земјите од Централна и Истична Европа.

Сигурно е дека кинескиот Хестил ќе ја преземе Железарата Смедерево и во склоп на тој аранжман се планира изградба и на нови пристаништа.

Во текот на тридневната посета ќе биде потпишан комерцијален договор за изградба на Коридорот 11 од Сурчин до Обреновац во должина од 17,6 километри, односно делот кој недостасува од автопатот кој е во изградба од Белград до Чачак.

Ќе се водат преговори за пругата Белград-Будимпешта, односно за пуштање во промет на возови со брзина од 200 километри на час.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ