КФОР се подготвува за секакво сценарио

Од:

КФОР се подготвува и ги презема сите неопходни мерки за да се сочува редот и мирот, изборите на 6-ти мај да не предизвикаат дестабилизација.

-Командантот на КФОР, Ерхард Древс ги презема сите неопходни мерки за да не дојде до ескалација на состојбата. Треба да ги земеме предвид легитимните права на Србите на север, но истовремено мораме да го почитуваме и Законот кој забранува одржување на локални избори, поради фактот дека Косово е суверена држава, ја пренесува „Koha ditore”, изјавата на командантот на германскиот воен контингент на Косово, Бернд Холтусен.

Тој е уверен дека изборите ќе минат мирно и без инциденти, бидејќи вели дека КФОР има јасна задача и е подготвен со максимален ангажман да ја заврши задачата.

Според оценката на командантот на американскиот воен корпус, Џеф Лејтен, состојбата на Косово е мирна но чувствителна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија