Судот за прекршоци во Подгорица му изрече казна од 350 евра на маж со иницијали Б.С., откако го навредил градоначалникот на Подгорица, Саша Мујовиќ, преку социјалната мрежа Инстаграм.
Според официјалното соопштение, инцидентот се случил на 25 септември кога човекот, додека бил на јавно место, му испратил на Мујовиќ гласовна порака со навредлива содржина.
„Судот за прекршоци во Подгорица го казнил лицето Б.С. со казна од 350 евра за сторено прекршок од Законот за јавен ред и мир. Имено, на 25 септември, додека бил на јавно место, обвинетиот се однесувал особено навредливо кон градоначалникот на Подгорица, С.М., на таков начин што му ги испратил зборовите преку Инстаграм, преку гласовна порака: „п..ко една никаква, да те е…е во уста“ – соопштија од Судот.
Судот заклучи дека ваквото однесување претставува прекршок против јавниот ред и мир, за што обвинетиот беше казнет со парична казна.