Катругалос: Знаевме дека ќе загубиме гласови поради Преспа

Од:

Знаевме дека ќе загубиме одредени гласови поради Договорот од Преспа, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за грчката телевизија „Контра“ и објаснува дека СИРИЗА имаше лоши резултати на изборите и во други области, а не само во северниот дел, каде што беа најсилни реакциите за решението меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

– Знаевме дека ќе изгубиме одредени гласови поради Преспа и ова точно ја покажува вредноста на премиерот како национален лидер дека националниот интерес на земјата, како што самиот и ние го разбиравме, го стави над партискиот интерес, вели шефот на грчката дипломатија.

За поврзаноста на Договорот од Преспа со изборните резултати во Северна Грција и ниските проценти за СИРИЗА, Катругалос објаснува дека и во областа Атика што се смета за бастион на левицата, резултатите не биле очекуваните.

-Не гледам некаква квалитативна разлика во некои од резултатите. Навистина во некои делови паѓаме подолу од просечната национална граница. Но, и во други области, особено во Атика што е бастион на левицата, гледам дека ни таму не ги имавме резултатите што ги очекувавме. Треба да видиме, да ги анализираме, но не сега, туку по изборите, сега е време за борба, објаснува министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за ТВ „Контра“.

За изборниот резултат од европските и локалните избори, Катругалос вели дека не го очекувал и треба владата да ги побара причините.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он