Катругалос го отворил прашањето за изјавата на Заев со Столтенберг

Од:

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, по средбата со македонскиот министер Никола Димитров, порача дека имале „суштинска дискусија“ за Преспанскиот Договор и за изјавата на премиерот Зоран Заев за јазикот и македонското малцинство.

Катругалос посочи дека го отворил прашањето за контроверзната изјава на Заев и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на денешниот состанок на министри за надворешни на Алијансата.

-Имавме суштинска дискусија со македонскиот министер за надворешни, двајцата се согласивме дека проблематичните изјави предизвикуваат сомнеж за вистинското значење на Преспанскиот Договор и дека треба да се избегнуваат, токму затоа што двете земји инсистираат на верно почитување на духот и писмото на Договорот кој е од бенефит за двете страни, изјави Катругалос.

Тој додаде дека и двајцата се согласиле дека „она што точно го дефинира статусот на обврските на секоја страна е членот 3 (4), кој не остава никаков простор за интервенција во ниту една од земјите“.

Катругалос потврди дека го отворил прашањето денеска со Јенс Столтенберг, покрај другите теми.

-Го отворивме и тоа прашање, а Столтенберг ме информираше и за техничкиот процес што следи, бидејќи сите се надеваме на ратификација во двете земји.

Катругалос повтори дека треба да се биде „многу, многу внимателен“ да не се создаваат сомнежи и погрешни интерепретации за тоа што го кажува Договорот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он