Караџиќ бара праведна, а не „очекувана“ пресуда

Од:

Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, од Апелацискиот совет на Меѓународниот трибунал побарал да му ја преиначи пресудата од 40 години затвор за геноцид и злосторства против човештвото за време на војната во Босна од 1992-1995 година, и да му изрече праведна одлука, пренесе Танјуг.

Во својот одговор на жалбата на обвинителството, напишан на 109 страници, Караџиќ го повикува Апелацискиот совет да го направи „тоа што е правилно и праведно, а не тоа што се очекува“.

Во документот Караџиќ посочува дека процесот против него бил „нечесен“ и довел до грешни заклучоци во пресудата.

Според неговите тврдења, обвиненијата на обвинителството биле неточни и затоа пресудата е незаконска.

Караџиќ побара Апелацискиот совет да ја отфрли жалбата на обвинителството, кое побара неговата пресуда да биде сменета на доживотен затвор.

Радован Караџиќ во март 2016 година беше осуден. На почетокот на декември 2016 година, обвинителството ја обжали пресудата и побара таа да се смени во казна доживотен затвор. Караџиќ, исто така, се жалеше, оспорувајќи ги тврдењата на обвинението и побара ослободителна пресуда.

Би можело да ве интересира

Радован Караџиќ се жали на судската одлука за видеоповици

На Караџиќ му е одбиено барањето да поднесе жалба за должината на казната

Ана Ололовска

Караџиќ: Српскиот народ и јас, заедно веќе победивме

Ана Ололовска

Мета за пресудата на Караџиќ: Ова е поука да се работи на соживот и хармонија меѓу народите

Ана Ололовска

Соња Караџиќ-Јовичевиќ: Пресудата нема врска со правото

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Радован Караџиќ чека пресуда, се одбиваат неговите жалби

Ана Ололовска