Караџиќ ослободен од неколку обвиненија

Од:

Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ денеска беше ослободен од Хашкиот трибунал по обвинението за извршен геноцид во општини во Босна, но против него останува во сила обвинението за геноцид во Сребреница.

На денешното судско рочиште јужнокорејскиот судија О-Гон Куон изјави дека трибуналот делумно го одобрил барањето на обвинетиот и го ослободил по првата точка од обвинението, но го отфрлил останатиот дел од неговото барање.

Против Караџиќ останува обвинението за геноцид во Сребреница и други девет обвиненија за воени и злосторства против човештвото, извршени за време на војната во Босна од 1992 до 1995 година.

Одбраната побара за време на судскиот процес на 11 јуни, Радован Караџаиќ да биде ослободен од 11-те обвиненија поднесени против него за извршен геноцид, воени и злосторства против човештвото

Според правилата на Хашкиот суд се предвидува дека одбраната може да побара ослободување од обвиненијата по презентирањето доказни елементи за обвинението, што ќе започне на 16 октомври.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина