Кандидатка за пратеник на турската опозициска НРП повредена во вооружен напад

Од:

Кандидатка за пратеник на опозициската Републиканска народна партија (НРП) во Турција Елиф Доган Туркмен е повредена во вооружен напад, јави Анадолија.

Туркмен е прва на листата кандидати на НРП во Адана, во Јужна Турција, за претстојните парламентарни избори во земјата закажани за 7 јуни.

Валијата на турскиот округ Мустафа Бјајок изјави дека нападот бил извршен додека кандидатката се наоѓала во ресторан во врска со предизборни активности. Во оган отворен од автомобил Туркмен била повредена во пределот на колената. Таа е пренесена во болница и нема опасност за нејзиниот живот.

Напаѓачот е идентификуван како Али Фуат Е. Според првичните информации нападот нема политички мотиви.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ