Каменос тврди дека има докази против Коѕијас

Од:

Поранешниот министер за одбрана во Грција, Панос Каменос најави дека ќе презентира докази кои, според неговите зборови, се доволни да се покрене обвинение против министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Во коментар за телевизискиот канал „АНТ1“, лидерот на Независни Грци кој ја напушти владата минатиот месец поради несогласување за преспанскиот договор, ја коментираше репортажата на „Би-би-си“ која се однесува на македонското малцинство во Грција.

Каменос изјави дека направил сѐ за да го спречи договорот со Скопје и лобирал против него за време на последната посета во САД. Тој тврди дека има луѓето во редовите на СИРИЗА кои сакаат да го искористат прашањето за името за да си го вратат загубеното од граѓанската војна со Грција.

Соработката на Анел со СИРИЗА во последните четири години била свесен избор, со цел да се извлече земјата од финансиската помош и да донесе стабилност, вели Каменос.

 

Би можело да ве интересира

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната