Каменос од грчко-македонската граница: Соседите да сфатат дека Македонија е една и грчка и тоа е нивниот билет кон иднина и просперитет

Од:

Министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, денес ги посети караулите на северната граница на земјата, а од граничниот премин Ники (Меџитлија, од грчка страна) упати порака до Македонија.

Каменос рече дека соседите ќе треба да сфатат дека „Македонија е една и грчка, а тоа е билетот кон иднината и просперитетот”.

-Грција сака да живее во мир, а соседите ќе треба да се разберат дека во нивен интерес е Грција, пријателски да е со нив, но во исто време ќе треба да разберат дека се додека провоцираат, се додека имаат иредентистички барања вратата на Грција ќе биде затворена. А вратата на Грција е вратата на Европа и вратата на Западот. Ќе треба да сфатат дека Македонија е една и грчка. Ова ќе им го даде билетот за да продолжат кон иднината и просперитетот, рече Панос Каменос.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он