Каменос: Ципрас го знае алтернативниот предлог за Договорот од Преспа, но не го одобрува

Од:

Како коалициски партнер во владата имав обврска да презентирам алтернативен предлог, кој премиерот Алксис Ципрас го знае, но не го одобрува како национална политика, вели грчкиот министер за одбрана Панос Каменос во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, во однос на неговиот план Б за меѓудржавни договори како алтернатива на Договорот од Преспа, претставен на средбата со претставници на американската администрација, при неговата посета на Вашингтон.

– Алтернативниот предлог го знае премиерот, но го нема одобрено како национална политика. Имам разјаснето, дека ова, според наше мислење, ќе требаше да биде предлог, алтернативен предлог во случај Договорот од Преспа да не оди напред или од наша или од нивна страна, рече Каменос, објаснувајќи дека неговиот предлог е за да се гарантира безбедноста во регионот, по пример на трилатералните и квадрилатералните средби што ги одржува Грција, да се направи еден договор во кој ќе учествуваат Албанија, Бугарија, Грција и Македонија и САД, а подоцна да се приклучи и Србија.

Министерот за одбрана и лидер на Независни Грци, рече дека тоа е неговата позиција како владин коалициски партнер, а одговорот што го добил од САД бил дека тие инсистираат на поддршка на Договорот од Преспа. Тој додаде дека на средба со министерот за надворешни работи од САД – земјата партнер, „имаш обврска не само да го изразиш и твоето несогласување, туку да дадеш и алтернативен предлог“.

– Во Стејт департментот доаѓам како министер за национална одбрана и штом ги решаваме прашањата што се однесуваат на Министерството за национална одбрана, имам обврска како коалиционен партнер во владата да објаснам дека ние како коалициони партнери не се согласуваме со Договорот од Преспа, рече Каменос во интервјуто и објасни дека на средбата разјаснил дека „позицијата на владата секако и понатаму е Договорот од Преспа, како што е изразена од министерот за надворешни работи и премиерот“.

Во интервјуто за ЕРТ, Каменос уште еднаш повтори дека додека бил во САД немал телефонски разговор со Ципрас, а одби да даде јасен и директен одговор дали во текот на денешниот ден ќе оствари средба со грчкиот премиер, како што од утрово објавуваат дел од грчките медиуми.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он