Каменос: Ако Грција излезе од еврозоната, Европа ќе биде преплавена од џихадисти

Од:

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос упати ново предупредување до Европската унија дека Грција нема да може да ги контролира границите поради постојаните напори за дестабилизација на Владата во Атина од европски високи претставници.

Во интервју за Тајмс тој нагласува за „упорните“ потези на европски високи претставници да предизвикаат пукнатини во владината коалиција. Тој ги оквалификува тие акции како „грубо мешање во внатрешните работи на Грција“.

– Ако Грција излезе од еврозоната и ЕУ тогаш ќе бидат изложени на ризик многу повеќе нешта отколку економската стабилност и еврото, предупредува грчкиот министер за одбрана.

Панос Каменос имаше неколку такви изјави во почетокот на март кога ги предупреди кредиторите дека ако држат тврда линија спрема Грција тогаш „државата ќе им даде документи на имигрантите за да стигнат до Берлин“.

За британски Тајмс тој вели дека Берлин и Брисел и се заканувале на Грција со напори да ја доведат државата до „целосна економска капитулација“.

– Ако Грција биде натерана да излезе од еврозоната тогаш бранот имигранти без документи ќе минат низ Грција за да се упатат кон срцето на Европа, предупредува грчкиот министер за одбрана.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он