Како убиството на студентката Јузгеџан ја обедини и подели Турција

Од:

Хуриет дејли њуз – Истанбул

Бруталното убиство на 20-годишната студентка Јузгеџан Аслан, ја обедини и подели Турција. Ви даваме резиме на ужасното злосторство и последиците од него во пет точки.

Во последно време, толку малку инциденти успеале да го обединат турскиот народ – земја која е силно поларизирана по политички ставови. А реакцијата на општеството во врска со бруалното убиство на 20-годишната студентка Јузгеџан Аслан, исто така вклучува и некои аспекти од она што и ја подели земјата.

1. Што се случи со Јузгеџан Аслан?

Јузгеџан Аслан, која беше студентка по психологија на Универзитетот Чаг во јужниот турски округ Мерени, беше убиена на 11 февруари. Нејзиното изгорено тело беше откриено во речното корито два дена подоцна откако семејството соопшти за нејзиното исчезнување. Шоферот на минибусот во кој се качила за да се врати дома, призна дека ја убил девојката. Тој беше уапсен на 16 февруари заедно со двајца соучесници.

2. Што велат луѓето по улиците?

Илјадници луѓе излегоа на улците на неочекувани демонстрации во зна на жалост и гнев по погребот на 14 февруари. Иако имамот ги молеше жените кои се собраа на погребот да се вратат назад по погребната церемонија, жените не му обрнуваа внимание додека го носеа ковчегот на Аслан пред и по молитвата. На други места во Турција, групи жени му се заканија на од мажите доминираниот систем дека го продлабочува проблемот поврзан со убиствата на жените и со домашното насилство. Истовремено, некои конзервативни гласови обвинија дека „западниот начин на живот“ ги потхранува случаите на насилства, што разгневи многу луѓе. „Јас сум потенцијално мртва“, напиша на 16 февруари новинарката Мелие Алпхан во весникот Хуриет.

3. Што велат политичарите?

Двете ќерки на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, го посетија семејството на жртвата за да изразат сочуство на 14 февруари, пред турскиот премиер Ахмет Давутоглу да обави дека започнува општа кампања против насилството над жените во целата земја. Кемал Калачдароглу, лидер на главната опозициска Народнорепубликанска партија (НРП) на твитер напиша: „Не треба да има малтретирање, силувања, насилство врз жените! Сите заедно ќе кажеме `не` на таквиот менталитет!“ Минстерот за семејство и социјална политика, Ајшенур Ислам и министерот за економија, Нихат Зејбекчи, спомнаа за враќање на смртната казна, додека кметот на Газиантеп, Фатма Шахин, предложи кастрација за сексуални престапи.

4. Што вели статистиката?

Независно од тоа како ќе бидат казнети убијците на Аслан, Турција е исправена пред суровата реалност во однос на мерките и санкциите против оние кои напаѓаат и малтретираат жени. Бројот на жени кои бие убиени во Турција за една година пораснал за 14 пати помеѓу 2002 и 2009 година, од 66 на 953 случаи, велат официјални податоци. По краткиот период на намалување на тој број, 129 жени биле убиени во првата половина на 2014 година, додека за истиот период една година претходно нивниот број изнесувал 88, рече пратеничката од НРП, Ајлин Назлака. 133 жени биле убени во случаи на домашно насилство во 2014 г. – или 33 проценти повеќе споредено со претходната година, велат податоците кои беа претставени пред парламентот од полицијата, жандармеријата и од министерството за правосудство. Иако доби широка популарнсот воведувањето на копчето за паника, системот со неговото воведување за кое целта беше да бидат заштитени жените од насилство, претрпе неуспех, призна владата во октомври 2014 година.

5. Има ли некаква надеж на хоризонтот?

Многу турци кои директно го споделуваат мислењето преку социјалните мрежи или зборуваат за телевизи или весници, велат дека политичкиот одговор е многу незначителен и многу доцен. Други потенцираат дека е тоа повеќе социјален проблем кој владата нема повеќе сила само да го разрешува.

Во ,меѓувреме реакциите се како лавини. Стотици жени, вклучително и познати личности, раскажуваат ужасни стории за сексуално матретирање на хаштагот #sendeanlat
(раскажи и ти). Хаштагот #Ozgecanicinsiyahgiy (облерчете црно за Јузгеџан) беше споделен од илјадници корисници на социјалните мрежи на 15 и 16 февруари, кога луѓето поставуваа свои фотографии облечени во црно за да го истакнат порастот на бројот на убиствата при што жртви се жените.

Обемот на кампањите – и на улиците и на социјалните мрежи, може да се знак дека општествениот пртисок врз полтичарите да ги заштитат животите и слободите на жените, веројатно ќе се зголеми со наближувањето на општите избори на 7 јуни.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ