Какламанис: Должни сме да го почитуваме Договорот од Преспа

Од:

Нова демократија е одговорна партија и мораме, за жал, да го почитуваме Договорот од Преспа, вели Никитас Какламанис, првиот заменик претседател на грчкиот Парламентот, во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Какламанис додава дека за конкретното прашање неговата партија уште предизборно го изнесе ставот и потенцира дека никој не смее ставот на Атина за членство на Скопје во ЕУ да го смета за сигурен, jави дописничката на МИА од Атина.

– Договорот од Преспа, кој е срамен за нашата татковина, должни сме да се придржуваме кон него во однос на НАТО. Нова демократија е одговорна партија и мораме, за жал, да го почитуваме. Но, никој не смее нашиот став за влез на Скопје во Европската унија да го смета за сигурен. Соседите да знаат: патот кон ЕУ нема да биде послан со рози. И ако судам според реакциите што веќе постојат во Скопје за едноставни теми во спроведувањето, мислам дека ќе имаат големи пречки за надминување, вели заменикот претседател на Парламентот и пратеник од Нова демократија за АНА-МПА.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он