Кацин: Времето за договор изминува

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин оцени дека договорот помеѓу Белград и Приштина не мора да биде потпишан денес, но дека е од пресудна важност да се постигне во најкраток рок, бидејќи како што рече времето изминува.

-Од пресудна важност е договорот да се постигне во најкраток рок, за да Советот на министри за надворешни работи го уважи напредокот и препорача отворање на преговори за членство во ЕУ. Исто така, ЕУ во наредните денови треба да ја усвои резолуцијата за напредокот на Србија во европските интеграции – наведе Кацин.

Тој додаде дека српските и косовските лидери треба да ја уважат политичката реалност и да ги искористат шансите кои се отвораат на патот кон ЕУ.

-Сите отворени прашања во процесот за нормализација на односите помеѓу Србија и Косово мора да се решат со дијалог. Сметам дека главно прашање е кога, а не дали ќе дојде до договор за Косово. Во таа смисла, со право е истакнато дека вторник не е „ден Д“ кога договорот мора да биде потпишан- изјави Кацин.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ