„Јутарњи лист“: Синдикалците планираат државен удар во Хрватска

Од:

Загрепски Јутарњи лист објави таен план на осум синдикати кои како се наведува, планираат државен удар односно со штрајкови да предизвикаат хаос во државата и уривање на Владата.

Челници на осум синдикати и државни служби во тајност подготвуваат синдикален удар со две цели: првата – минималистичка и значи враќање на коефициентот на плати на вработените во државната управа на ниво од пред неодамнешното намалуавње за три отсто.

Втората – максималистичка – е уривање на Владата и преговори со новата влада.

Во тој дел синдикалците самоуверено најавуваат дека тие преговори би се воделе во атмосфера за можно уривање на владата од синдикатите и граѓаните, наведува весникот.

Синдикалците тоа го договориле на состанок одржан во вторникот во Работничкиот дом. На состанокот учествувале мнозинство шефови на синдикати во јавни и државни служби кои преговараат со владата за платите.

Целата акција на синдикатите е смислена како жесток одговор на владиното намалување на платите за околу 240.000 вработени во јавни или државни служби за три отсто од март, наведува Јутарњи лист.

Повикувајќи се на свои извори, весникот наведува дека синдикалните лидери на првиот состанок се договориле за конкретен план синдикални активности кои ќе почнат со состанок на 31 март оваа година.

Би можело да ве интересира

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата

(ВИДЕО) Пентагон потврди: Хрватска од Америка го купува најмоќното оружје во својата историја

Тројца мртви мажи пронајдени во викендичка во Хрватска

ВИДЕО: Надреални сцени од пожарот кај Сплит, мештаните немо посматраа што им се случува

ВИДЕО: Канадери и 250 пожарникари и утрово го гаснат страотниот пожар кај Сплит, куќите се одбранети

Катерина Ѓуровски