Јунската инфлација во Албанија 7,4 отсто

Од:

Растот на цените, особено на храната и горивата, во Албанија продолжи и во месец јуни, силно погодувајќи го џебот на граѓаните.

– Тоа услови понатамошен раст на инфлација која во јуни достигна ниво од 7,4 отсто, што е највисока стапка во последните две децении пренесува Топ чанел.

Според Институтот за статистика, ИНСТАТ, раст е забележан кај сите продукти и услуги.

– Кај транспортот и прехранбените производи забележени се двојно повисоки цени. Токму овие две групи се оние за кои албанските граѓани трошат најголем дел од нивниот семеен буџет. Во групата исхрана највисоки се цените за млекото и млечните производи, житото и производите од нив, како и зеленчукот и овошјето, наведува телевизијата, наведува телевизијата.

Инфлацијата во мај беше 6,7 отсто, во април достигна стапка од 6,2 отсто, во март беше 5,7, додека во февруари 3,9 отсто.

За да ги ублажи нагорните ценовни притисоци, преку монетарната политика, Централна банка на Албанија, пред два дена повторно ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 отсто и таа сега изнесува 1,25 проценти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Левица: При инфлација и социјална несигурност владата зголемува буџет за војни на 3% од БДП

Горан Наумовски

Минималната сума за преживување на месецот пораснала 100 евра за една година

Катерина Ѓуровски

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Трошоците на живот во септември на годишно ниво повисоки за 2.6, а цените на мало за 3.3 отсто

Владата нема да интервенира со ограничувања на цените: Не е наша политика да се одржува зголемена и вештачки набилдана јавна потрошувачка

Катерина Ѓуровски

Трошоците на живот во јули на годишино ниво повисоки за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %