Јункер: Земјите од Западен Балкан засега не ги исполнуваат условите за влез во ЕУ

Од:

Земјите од Западен Балкан нема да пристапат во ЕУ до крајот на овој мандат на Европската комисија, бидејќи не ги исполнуваат потребните услови, а реформите се неопходни за влез во Унијата. Ова го изјави претседателот на европската комисија, Жан Клод Јункер за време на неговото обраќање во Европскиот парламент, по излагањето на бугарскиот премиер Бојко Борисов кој ги презентираше приоритетите на бугарското претседателство меѓу кои и интеграциите на земјите од Западен Балкан.

„Сакам да испратам порака до земјите од Западен Балкан дека пристапувањето во ЕУ не е природна работа, туку се стекнува со многу напор. Сите конфликти мораат да бидат решени пред нивното пристапување во ЕУ. Земјите од Западен Балкан заслужуваат вистинска европска перспектива“, рече Јункер.

Тој додаде дека Бугарија досега покажала дека може да гради мостови помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, бидејќи добро го познава регионот и поминала низ тешки процеси.

„Бугарија може и ќе биде извор на инспирација за земјите од Западен Балкан. Затоа бугарскиот премиер правилно ја регулира врската со нив како приоритет“, рече Жан-Клод Јункер.

Претседателот на Европската комисија заклучи дека успехот на претседателството не зависи од големината на земјата, туку од волјата на нејзините лидери.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија