Јункер: Земјите од Западен Балкан ќе се приклучат на ЕУ по 2019 година

Од:

Сите земји од Западен Балкан имаат перспектива за членство во Европската унија, но тоа ќе се случи по 2019 година, соопшти денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во интервју за група хрватски и словенечки новинари.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Јункер на оваа средба со хрватско-словенечките новинари, исто така посочи дека на американскио потпретседател Мајк Пенс, при нивната вчерашна средба во Брисел му посочил дека е лоша вест за Западниот Балкан што „некои од новата американска администрација даваат впечаток дека ЕУ се разводнува“.

– Јас имам намера да го посетам Западниот Балкан, но во тоа ме блокираат моите луѓе, бидејќи сакаат да бидам во Брисел. Вчера на потпретседателот Пенс му објаснував за лошата порака што ја испрача кон овој регион новата администрација во Вашингтон со критиките за разводнување на Унијата, бидејќи овие земји ги очекува еворпска перспектива. Тие не можат да ни се приклучат до 2019 година, но ќе ни се приклучат подоцна, потенцираше Јункер.

Челникот на неформалната Влада на Европската унија, исто така додаде дека е проблем ако некој во САД говори за ЕУ дека е во распаѓање и дека и другите земји треба да го следат Брегзитот, дека тоа е лоша вест „за пријателите на ЕУ на Западниот Балкан“.

– На земјите од Западен Балкан од очигледна причина им е потребна европска перспектива и јас во тоа верувам, заклучи Јункер во интерјуто за хрватските и словенечките новинари.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп