Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер порача денеска од Брисел дека Комисијата е импресионирана од напредокот на Црна Гора во процесот на европски интеграции.
– Црна Гора оствари импресивен економски напредок и стабилност на јавните финансии, оцени Јункер за време на состанокот со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.
На состанокот е оценето дека посветеноста на Црна Гора за унапредување на владеењто на правото и слободата на медиумите, е „охрабрувачка“.
Ѓукановиќ нагласи дека се целосно посветени за спроведување реформи и во преговарачкиот процес за членство на државата во ЕУ. Тој ја поздрави определеноста на ЕК да продолжи со политиката на отворени врати за државите од Западен Балкан.