Јованка Броз, сопругата на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито е примена во Ургентен центар во Белград, поради лоша здравствена состојба.
Како што пренесе „Б92“ се очекува директорот на Ургентниот центар, Златибор Лончар да даде изјава на новинарите за влошеното здравје на вдовицата на некогашниот претседател на СФРЈ.
Јованка Броз е родена во 1924 година, во Лици. Во 1952 година стапи во брак со Јосип Броз Тито, со кој живееше до неговата смрт во 1980 година.
Елена Георгиевска