Здравствената состојба на Јованка Броз се уште е непроменета, изјави за „Блиц“ директорот на Ургентниот центар КЦС, Златибор Лончар.
Но, според неофицијални информации на „Блиц“, некогашната прва дама на СФРЈ, вчера се разбудила од кома, но поради апаратот за дишење на кој што е приклучена, не можела да комуницира.
-Беше свесна, ги препознаваше луѓето околу неа, но не можеше да комуницира. Неколку пати ми ја стегна раката-вели анонимен соговорник за српскиот медиум.
Вдовицата на Тито на 23-ти август годинава е хоспитализирана во Ургентниот центар во Белград, во многу лоша здравствена состојба.
По интервенциите на лекарите, нејзината состојба беше подобрена, се до четврток кога одеднаш и се слошило.
Елена Георгиевска