Претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ изрази загриженост бидејќи шефот на надбискупскиот архив, составен дел на хрватскиот државен архив, Стјепан Разум го негира карактерот и жртвите на усташкиот логор Јасеновац. Тоа е симбол на злото кој никој во цивилизираниот свет не би смеел да го негира ниту да го игнорира, порача Јосиповиќ..
Разум на почетокот на месецов тврдеше дека нема докази за масовни усташки злосторства во Јасеновац што предизвика реакции во хрватската јавност меѓу кои и на Мергеловиот институт, еврејска невладина организација која веднаш побара за изјавата да се произнесе хрватската власт.
„Претседателот Јосиповиќ заедно со сите институции на Хрватска, се спротивставува на сите обиди за неоусташтво, негирање на геноцидот во холокаустот, како и негирањето на злосторничкиот карактер на усташката НДХ“, се вели во соопштенито од претседателскиот кабинет.