Јоханис бара од романскиот Парламент да го укине законот за корупција

Од:

Новоизбраниот романски претседател Клаус Јоханис денеска апелираше до Парламентот да го укине законот за амнестија за корупцијата, брзајќи да ги исполни ветувањето од предизборната кампања и да ја смири ЕУ, која е загрижена заради распространетата корупција во земјата.

– Ќе докажам дека Романија е сериозна, дека е сигурен и долгорочен партнер, изјави Јоанис на прес-конференција.

Како што пренесуваат британските медиуми, Јоханис (55) во текот на предизборната кампања ветуваше дека ќе ја зачува независноста на романскиот правосуден систем и кревкиот напредок постигнат во борбата против корупцијата.

ЕУ изрази загриженост заради неуспехот во искоренувањето на распространетата корупција меѓу високите претставници во Романија и Бугарија, двете најсиромашни членки во ЕУ.

И двете земји, кои во ЕУ влегоа во 2007 година, не се во Шенген зоната во која луѓето можат да се движат без пасоши.

Јоханис во предизборната кампања го искористи гневот на граѓаните заради законот од 2013 година, со кој е дозволена амнестија во некои криминални случаи, што претставува правосуден штит за некои политичари.

Тој, исто така, вети реформи во стопанството, здравството и образованието, како и дека ќе создаде деловна клима што ќе биде привлечна за странските инвеститори.

Би можело да ве интересира

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски