Јилдирим: Вонредната состојба ќе се продолжи само доколку биде неопходно

Од:

Турција нема намера да ја продолжи вонредната состојба по завршувањето на утврдениот тримесечен рок, но ќе го направи тоа доколку таквата опција биде наопходна, изјави турскиот премиер Бинали Јилдерим, цитиран од британските медиуми.

-Вонредната состојба не треба да се продолжува, но, ако се наметне таква потреба, се разбира дека продолжувањето ќе биде можно, изјави тој во интервју за турска приватна телевизија АТВ.

Турскиот премиер изјави дека бројот на приведени во обидот за воен удар изнесува 13.000 лица, информира агенцијата Анадолија.

-Бројот на приведени по обидот за воен преврат во моментов изнесува 13.002 лица, од кои 1.329 полицајци, 8.831 војници, 2.100 судии, 689 обвинители, посочи Јилдерим директно во етерот.

Тој, исто така, кажа дека се распушта претседателската гарда.

-Веќе нема да ја има претседателската гарда, веќе нема потреба од неа, посочи турскиот премиер.

Претседателската гарда брои 2,500 лица, но најмалку 283 од нивните членови се притворени после пучот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ