Турција денеска призна дека некои мерки, кои властите ги преземале по неуспешниот обид за воен удар во земјата, можеби биле неправедни.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим ја призна можноста дека во државниот сектор некои процедури не биле фер.
– Сигурно е дека врз некого се спроведени неправедни процедури. Ќе направиме разлика меѓу оние кои се виновни и оние кои не се, истакна Јилдирим.
Потпретседателот на турската Влада, Нуман Куртулмуш, исто така, нагласи дека „доколку има било какви грешки, ќе бидат исправени“.
Во знак на одмазда по обидот за преврат на 15 јули, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган започна чистка во која десетици илјади лица беа отпуштени од работните места, а речиси 19.000 се притворени.