Јилдерим: Русија може да ја користи базата Инџирлик доколку тоа биде неопходно

Од:

Турскиот премиер Бинали Јилдирим вчера изјави дека Русија не побарала од неговата земја користење на воената база Инџирлик, но дека таа база може да биде користена доколку тоа се покаже за неопходно, јавија светските агенции.

Француските медиуми наведуваат дека Јилдерим изјавил дека на Русија оваа база не и е потребна бидејќи веќе има две бази во Сирија.

Одговарајќи на прашањето на еден од новинарите, премиерот  наведе дека руската страна не се обратила со барање да ја користи базата Инџирлик, на југот од Турција, јавија руските медиуми.

-Таа информација не е точна, но доколку биде неопходно, базата Инџирлик може да се користи, наведе Јилдирим, и додаде дека верува дека на Русија не и е потребно користењето на оваа база.

-Турција ја отвори базата Инџирлик заради борбата против терористите од ДАЕШ. Неа ја користат САД и Катар. Другите земји, исто така, можат да побараат да ја користат оваа авио-база, во која сега делуваат и Германците. Што се однесува до Русија, немавме такво обраќање. Мислам дека и нема потреба за такво нешто, затоа што постојат две бази во Сирија на оддалеченост помала од 150 километри. Заради тоа на тие соопштенија не треба да им се верува, објасни Јилдирим.

Авио-базата Инџирлик ја користат воздухопловните сили на  САД и Турција, а нејзината работа е регулирана со Спогодбата за воена и економска соработка меѓу двете земји, наведуваат руските медиуми.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ