Приштина е подготвена за продолжување на дијалогот, и дека со претседателот на Србија Томислав Николиќ може да се сретне единствено како легитимен пртетставник на Косово изјави косовската претседателка Атифете Јахјага.
Единствено како легални и легитимни лидери на нашите земји, изразувајќи ја волјата на граѓаните, можеме да разговараме и да пронајдеме оддржливи и долготрајни решенија кои се во интерес на нашите граѓани, рече Јахјага.
Во интервју за магазинот на англиски јазик „КорД“, таа, исто така, ја поздрави најавата на новата влада на Србија дека ќе ги спроведе спогодбите постигнати во Брисел.
Ова е добра вест бидејќи Косово уште од првиот ден ги исполни сите спогодби постигнати во Брисел и затоа е ова долго очекуваната добра вест од Србија, изјави Јахјага.
Таа смета дека Србија до сега ја опструирала примената на спогодбите постигнати во рамки на дијалогот Белград-Приштина, тврдејќи дека постигнатите решенија не се доволно јасни.
-Од ЕУ баравме да пронајде форма и механизам што ќе ги обврзе државите да го спроведат секој детаљ од спогодбите на кои се согласија во Брисел. Реков дека не постои друг начин, односно дека нема алтернатива за нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија, рече Јахјага.