Јахјага: Многу брзо ќе има средба меѓу претседателите на Косово и Србија

Од:

Првата средба во историјата меѓу претседателите на Србија и на Косово ќе се случи многу брзо во Брисел, изјави денеска косовскиот претседател Атифете Јахјага.

– Средбата со српскиот претседател Томислав Николиќ ќе биде многу брзо во Брисел и ќе даде значителна поддршка за преговарачкиот процес, кој го водат двете земји, и за реализација на постигнатите договори, нагласи Јахјага.

Претходно, советникот на косовскиот претседател Рамуш Тахири истакна дека средбата на двајцата претседатели е планирана за февруари или почетокот на март.

Прес службата на шефот на српската држава соопшти дека Николиќ не е подготвен за средба со Јахјага, а датумот на разговорите засега не е потврден официјално.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија