Јахјага: Интеграцијата на Косово во ЕУ е единствена опција

Од:

Претседателката на Косово, Атифе Јахјага изјави дека Косово силно е определено за членство во Европската унија и дека тоа е единствена алтернатива за балканските држави.

Таа на состанокот со генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ оцени дека од големо значење е членството на Косово во Советот за јакнење на регионалната соработка и изнаоѓање заеднички решенија за глобалните предизвици со кои што се соочуваат државите на Балканот.

Јахјага истакна дека Косово ќе продолжи да води конструктивна улога во сите регионални иницијативи кои ќе помогнат Косово да продолжи по патот кон ЕУ и НАТО.

Таа нагласи дека интеграцијата во ЕУ е единствена опција за сите држави на Балканот и дека на тој пат нема алтернативи.

Косово е во потполност определно кон европската агенда, како суверена држава, фактор за мир и стабилност која ги промовира и остварува добрососедските односи, кои што влијаат врз стабилизацијата на Балканот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски