Голема трагедија ја погоди Србија, во страотна сообраќајна несреќа која се случила синоќа загина 14-годишно девојче.
Таа загинала во автомобил марка „Голф” со кој управувал нејзиниот 24-годишен брат. Тој и уште еден тинејџер кои биле во автомобилот поминале само со гребнатинки.
Девојчето било на прослава за полуматура, а нејзиниот брат дошол за да ја земе и одведе дома. Во еден момент додека се возеле, тој изгубил контрола и удрил со возилото во ограда. Според податоците од полицијата, возачот бил под дејство на алкохол и возел пребрзо.