Ја продавал ќерката преку Скајп за 5000 евра

Од:

По анонимната дојава полицијата успеала да ја спречи веќе договорената продажба на 15-годишно девојче од Железник, Србија, коешто нејзините родители се обиделе да го продадат преку интернет за 5.000 евра, пишува српски „Курир“.

– Не повика еден човек и не праша дали може да пријави случај за трговија со мелолетно лице, но да остане анонимен. Тој раскажал дека присуствувал во моментот кога се водел разговорот помеѓу таткото на девојчето и соседите и дека слушнал како таткото договорил продажба на својата ќерка. Ни даде податоци, адреса, видовме дека случајот е сериозен и ги известивме Центарот за социјални грижи и Обвинителството, велат од полицијата.

Полициската истрага утврдила дека семејството неколку месеци пред тоа било во Австрија и Германија, каде кажале дека „има момче, но ја чека вистинската прилика“.

– Таткото преку Скајп во неколку наврати говорел за продажбата на неговата ќерка и мажачката во Шведска. Буквално разговарале со таткото на младоженецот, а цифрата била 5.000 евра. Тие почнале да ги договараат деталите за свадбата и патот на девојчето во Шведска, велат во полицијата.

Таткото тврдел дека овие обвинувања не се точни и дека само се шегувал.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ