Ја искасапи сопругата, па телото го фрли во септичка јама

Од:

Во место близу Осиек, во Хрватска вчера беше откриено ужасно злосторство.

Имено, распарченото тело на Маја Р., по која се трагаше од почетокот на август, беше откриено во септичката јама во дворот.

Се покажа дека нејзиниот сопруг, Роберто Р., ја убил, ја распарчил и ја фрлил во септичка јама, а потоа ја пријавил за исчезната.

Уапсениот сопруг денес беше испрашуван и од државното обвинителство и беше изведен во Окружниот суд.

– Предлогот на одбраната ќе биде да се брани со молчење – изјави Владимир Буриќ, адвокат на осомничениот.

Според хрватските медиуми, судијата му одредил притвор на осомничениот поради особено суровата природа на тешкото злосторство.

Би можело да ве интересира

Масакр во Турција: Осуммина убиени на три локации, напаѓачот е во бегство

Горан Наумовски

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Хрватски „Рафал“ пресретна авион на „Финер“ означен како потенцијална закана

ВИДЕО: Торцида пееше: „Ана Франк не е светица. Таа е еврејска ку*ва

(ВИДЕО) Скандал во Хрватска: „Аушвиц, Аушвиц“, „Стани, Адолф“ и „Газете ги Евреите“

Драма над Хрватска: Авион полн со патници испрати сигнал за киднапирање,веднаш беа кренати ловци „Рафал“