Извештај на СЕ за ксенофобијата, дискриминацијата и расизмот во Грција

Од:

Советот на Европа смета дека ксенофобијата, дискриминацијата, расизмот и говорот на омразата против имигрантите и Ромите во Грција се на загрижувачко ниво и ги повика грчките власти да се соочат со овие појави, пишува весникот „Вима“.

Во извештајот на СЕ се наведува дека со појавата на неонацистичката партија „Златна зора“ во Грција драстично се зголемило насилството врз расна основа изминатите години, што довело до атмосфера на омраза и страв, против што одамна не се преземени соодветни мерки.

Во документот се нагласува дека говорот на омраза често пати останува неказнет од властите и оти официјалната осуда не е доволна.

СЕ ја повика Атина да изработи комплексна национална стратегија за борба против расизмот и нетолерантноста.

Советот ја осудува дискримацијата на хомосексуалците, лезбејките и транссексуалците, кои станале жртви на насилство, без да им биде пружена соодветна заштита.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он