Изградбата на над 500 нови хидроелектрани ќе ја загрози богатата биолошка разновидност во западен Балкан

Од:

Водечката светска организација за заштита на природата WWF предупреди дека планираната изградба на над 500 нови хидроелектрани во регионот на Динарскиот крак, кој се протега на околу 100.000 квадратни километри на просторот меѓу Словенија и Албанија, ќе ја загрози богатата биолошка разновидност на западен Балкан и како што истакнуваат, неколку исклучително вредни природни региони, како што се Паркот на природата Хутово блато во Босна и Херцеговина, делтата на Неретва во Хрватска, реките Морача и Тара во Црна Гора, а со тоа и Скадарското езеро, известува новинар од агенцијата Анадолија.

Затоа Медитеранската програма на WWF со седиште во Рим покрена иницијатива за одржлива хидроенергија во Динарскиот крак, со која треба да се заштитат најважните мочуришта, езера и реките на тоа подрачје.

Овие природни ресурси, тврдат во WWF, поради својата богата биолошка разновидност спаѓаат во 200 најважни еко региони во светот. Тоа е центар на биолошката разновидност во Европа, со голем број на ендемски видови на риби и влекачи.

Според зборовите на Бојан Стојановиќ од секторот за прашања за водите во WWF, иако формално се под заштита, различните притисоци од недостиг на вода, хидроенергетски зафати, загадувањето, ловокрадството, недостиг на финансии и лошото управување, го доведоа во прашање нивниот долгорочен опстанок. Со опасностите кои се закануваат на слатководните бисери на Динарскиот крак, ја запознаа и европската јавност.

– Динарскиот крак е европски хотспот на ендемски слатководни, растителни и животински видови. Реките и мочуриштата, од кои 30 отсто од нив сеуште се недопрени и во добра еколошка состојба, се од клучно значење за луѓето и природата. Ја филтрираат водата, нудат природна заштита од поплави, даваат природни ресурси и пружаат богати места за живеење на птиците и рибите. Ова ретко наследство мора да биде заштитено од неодржливиот развој – вели Стојановиќ за агенцијата Анадолија.

Ирма Поповиќ Дујмовиќ од Медитеранската програма на WWF истакна дека медитеранските мочуришта како што се Хутово блато, делтата на Неретва, Скадарското езеро, претставуваат срце на животот во Динарскиот крак и пружаат идеални услови за многу животински и растителни видови кои тука живеат или презимуваат.
Потсетуваат дека поширокиот регион на делтата на Неретва, која го опфаќа Хутово блато во БиХ и делтата на Неретва во Хрватска, е дом за 150 видови на риби, од кои дури 9 ендемски, а во целиот овој регион до сега се идетификувани најмалку 300 видови на птици. Мочуриштата се клучни и за птиците преселници, кои тука се запираат во време на миграции за да се одморат и нахранат.

– Со развојот на хидроенергијата на реките Неретва и Требишница во 60-тите години од минатиот век и изградбата на 11 хидроелектрани, дојде до драстични промени во сливот на реката Неретва. Паркот на природата Хутово Блато, мочуришно подрачје од исклучителна вредност во БиХ, заштитен со Рамсарската конвенција, веќе е под голем притисок поради недостиг на вода, поради постојниот систем на хидроелектрани во сливот на Неретва и Требишница и пренасочувањето на водата. Така денес е зачувана само една третина од неговата изворна површина, додека со проектот Горњи Хоризонти, со 4 нови хидроелектрани ќе биде пренасочена дополнителна количина на вода од сливот на Неретва и Требишница кон Дубровник и тамошната хидроелектрана – вели Стојановиќ.

Сушата и исчезнување на земјоделството

Неговиот колега Зоран Матељак од уредот на WWF во Мостар наведе дека проблематично е тоа што проектот Горњи Хоризонти не предвидува мерки за обезбедување на доволно количина на вода за различни корисници во долниот тек.

– Последица може да биде дополнително пресушување на делтата и целосно исчезнување на земјоделското производство во регионот, но и пресушување на мочуриштата и едно од најголемите места за живеење на птиците преселници на Балканот – Паркот на природата Хутово Блато – предупреди Зоран Матељак.

Понатаму, од WWF наведуваат дека во Црна Гора постои голем политички притисок за да се изгради хидроелектрана на Морача, најзначајна река во таа земја после Тара и една од неколкуте преостанати реки со слободен тек во Европа.

Тие потсетуваат дека Морача е и најголема притока на Скадарското езеро, најголемо езеро на Балканот и едно од последните мочуришни живеалишта на Јадранскиот брег во кое годишно презимуваат и до 150.000 миграциски птици.

– Хидроцентралите на Морача се темелат на планови стари 40 години, кои ако се реализираат во моменталната форма, можат да ја доведат природата, луѓето и економијата под сериозен ризик. Со изградба на водни акумулации сериозно ќе се загрозат локалните луѓе, ќе поплават значајни културно историски споменици и ќе ја загрозат биосферата на Скадарското езеро, кое добива 60 отсто воден капаците од страна на Морача – вели Наташа Ковачевиќ од организацијата Грин Хоум, во Црна Гора, и додаде: И локалната рибарска индустрија би добила тежок удар, по наши пресметки дури 1,5 милиони евра годишен приход поради намален лов, а во прашање е и самата исплатливост на хидроцентралата, што покажа и резултатот од тендерот минатата година, на кој не се пријави ниту еден инвеститор.

Се истакнува дека мочуриштата како што се Хутово Блато и Скадарското езеро, не се само исклучително важни природни резервати, туку дека играат многу важна улога за локалните заедници, нудејќи заштита од поплави во низводните подрачја, прочистувајќи ја водата и обезбедувајќи приходи на локалното население.

Уништување на манастири, цркви, кули и стари градови

– Покрај загрозувањето на природните ресурси, локалното население е загрижено и поради можно уништување на културно-историските споменици како манастирите, црквите, кулите и градовите, кои тука ги граделе цивилизации од Римјаните па натаму.
Наспроти процесот на приближување на стандардите на ЕУ, во WWF истакнуваат дека производството на енергија на Балканот во стварноста е далеку од одржливо и транспарентно.

– Постојат добри примери кои можеме да ги следиме за да ја спречиме штетата која лошо планираните хидроенергетски проекти би ги нанеле на најзначајните слатководни екосистеми во регионот на Динарскиот крак. Почитувањето на Европските директиви, уважувањето на научните откритија и имплементирањето на модерните пристапи за одржлива хидроенергија значително би ги намалило негативните влијанија од хидроенергијата, а во исто време ќе овозможи заштита на ова исклучително европско природно наследство – заклучи Бојан Стојановиќ.

Анадолија – Сараево

Би можело да ве интересира

Чиста сметка, куса љубов

Емир Латифовиќ

Ова е последната исповед на Тито

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Југославија во очите на Американците во 1986 година

Емир Латифовиќ

ФОТО: Еве како Тито ги славел Новите години

Емир Латифовиќ

Откриена најголемата тајна на Тито – Гробот на неговата најголема љубов

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО+ФОТО) Кралскиот двор ги крие тајните на Тито, Милошевиќ и српскиот крал

Емир Латифовиќ