Изетбеговиќ: Се уште е можно одложување на изборите и промена на Изборниот закон во БиХ

Од:

Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, денеска изјави дека е можно одложување на изборите во БиХ, што треба да се одржат во октомври, доколку со тоа се реши проблемот со промената на Изборниот закон.

Откако разговорите за промена на Изборниот закон меѓу хрватските и бошњачките партии, закажани за вчера во Мостар, беа откажани без посебно објаснување, Изетбеговиќ на новинарите во Сараево денеска им изјави дека воопшто не бил поканет на состанокот, но додаде дека тоа не влијае на подготвеноста за продолжување на разговорите и изнаоѓање решение.

-Не е нереално да се постигне договор, рече Изетбеговиќ, додавајќи дека е лесно на експертите да им се понудат конкретни решенија кога има политички договор.

Тој нагласи дека договорот мора да го вклучи спроведувањето на сите пресуди со кои се утврдува дискриминација на граѓаните на БиХ во изборниот процес, потврдувајќи дека „има одреден напредок“ во досегашните консултации.

Изетбегеовиќ кажа дека претставниците на меѓународната заедница сега чекаат приближување на ставовите на политичарите од БиХ, по што и тие би можеле да се вклучат во финализирањето на договорот.

Сепак, Изетбеговиќ ја отфрли можноста за промена на составот на членовите на Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК), што го бараат ХДЗ БиХ и Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик.

На денешната седница на Домот на народите на Парламентот на БиХ, претставниците на двете партии донесоа заклучок во кој се тврди дека сегашниот состав на ЦИК е незаконски избран и дека постапката за именување треба да се повтори. Владејачките хрватски и српски партии се незадоволни бидејќи сметаат дека сегашните српски и хрватски членови на ЦИК се блиски до опозицијата.

Бошњачките пратеници беа против, а лидерот на СДА рече дека ХДЗ и СНСД можат да бараат за се да одлучува судот, без кој составот на ЦИК нема да се менува.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ