Според најновите податоци на веб-страницата на Централната изборна комисија, кои беа објавени во 6 часот утринава и по преброени над 88 отсто гласови, Движењето Самопределување на премиерот Албин Курти доби 41,29 отсто од гласовите.
ПДК е втора со 21,83 отсто, ЛДК е трета со 17,75, а АБК е четврта со 7,68 отсто од гласовите.
Коалицијата Листа за семејство доби 2,31 отсто.
Во Косово вчера се одржаа редовни парламентарни избори. Право на глас имаа вкупно 2.075.868 гласачи, од кои 1.970.944 се на Косово, а 104.924 во странство. За 120 пратенички места се натпреваруваа 1.280 кандидати, од 28 изборни листи.