Ивановиќ најсериозен кандидат за српски офицер за врска во Приштина

Од:

Оливер Ивановиќ, поранешен државен секретар во српското Министерството за Косово, е најсериозен кандидат за офицер за врска на српската Влада во Приштина, пишува весникот „Курир“.

– Србија сака да постави човек што ја разбира политичката ситуација во Косово. Изборот падна на Оливер Ивановиќ, кој освен што е од Косово, одлично ја познава косовската политичка сцена. Веќе се остварени разговори со највисоките државни службници, но се уште треба да се договорат сите детали, пренесува „Курир“ изјава на анонимен извор од владата.

Ивановиќ за „Курир“ потврди дека има неформални разговори околу тоа.

– Точно е дека има неформални разговори, но официјално се уште нема ништо. Не можам во овој момент да потврдам дека би прифатил такво нешто се додека не видам кои точно ќе бидат обврските на офицерот на врска, истакнува Ивановиќ.

Според косовските медиуми кандидати од косовска страна се Илбер Хиса, Илир Дуголи, Љуљзим Пеќ и Шкендије Шерифи Геци, додека конечната одлука ја има Хашим Тачи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија