Иванов: Францускиот предлог е во Комисијата за надворешни работи, треба да биде повикана министерката Теодора Генчовска

Од:

Мирослав Иванов, вршител на должноста претседател на Народното собрание на Бугарија, за БТВ изјави дека не предизвикал пријатни чувства кога претседателот Румен Радев почнал да зборува заедно со ГЕРБ и Движењето за права и слободи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Иванов коментираше дека бугарската влада нема да преземе никакви обврски без зелено светло од Народното собрание. Тоа значи да се донесе декларација дека е дадено зелено светло Владата да потпише еден или друг документ.

Иванов објасни дека во моментов францускиот предлог е во комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент. Оттука, најлогично што треба да направи, како што рече, е да го повика министерот за надворешни работи, кој треба да поднесе извештај до Народното собрание за сработеното во овие шест и пол месеци во преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Која е договорната рамка како што ја гледаат и самата комисија може да испита и ќе излезе со извештај што и како се случува и предлог одлука или декларација може да се достави до Народното собрание, кое веќе, самиот бугарски парламент според Иванов, може и не смее да му даде зелено светло на премиерот Кирил Петков да потпише официјален документ за укинување на ветото.

Би можело да ве интересира

Софија се обидува одговорноста за неисполнетите меѓународни обврски да ја префрли на Скопје, реакции на премиерот и МНР

Катерина Ѓуровски

Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски: Ја искривува реалноста

Сиљановска-Давкова гледа деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес

Катерина Ѓуровски

„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Немам проблем да се сретнам со бугарскиот премиер за да најдеме начин да се одблокира процесот

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината