Истражување на БЦБП: Вучиќ најзаслужен за намалување на корупцијата

Од:

Според најновото истражување на Белградскиот центар за безбедносна политика БЦБП, една третина од испитаниците навеле дека Претседателот на владата на Србија Александар Вучиќ, е најзаслужен за успехот во борбата против корупцијата, додека секој 10-ти граѓанин се изјасни дека тоа е заслуга на владата.

Секој втор граѓанин смета дека корупцијата е доста распространета, само два проценти од испитаниците сметаат дека корумпираноста воопшто не е присутна во Србија.

Политичките партии и политичарите се оценети како најголеми виновници кои ја попречуваат борбата против корупцијата со 12 проценти.

Според испитаниците за успех во борбата против корупцијата, потребно е да се зајакнат институциите и да се зголемат казните, но тука се и оние 13 проценти кои сметаат дека на поединци треба да им се даде поголема моќ.

Истражувањето покажа дека корупцијата е најприсутна во сообраќајната, криминалистичката и гранична полиција.

Кога е во прашање политичката ориентираност на испитаниците, симпатизерите на ДСС и Движењето Двери, искажаа негативно мислење за раководењето на полицијата на министерот Ивица Дачиќ, додека приврзаниците на ДС и ЛДП имаа сличен став како и просекот на популацијата.

Дури 72 проценти од испитаниците се изјаснија дека нема или не е сигурно дека ќе пријават корупција, доколку е потребно да ги остават своите лични податоци.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ