Истражување: Четири од десет продавници во Грција останале затворени во неделата

Од:

Четири од десет продавници во Грција останале затворени во неделата, покажа истражување на Националната трговска асоцијација на земјата, чии резултати се објавени денеска.

Затворени биле 40 отсто од продавниците во Атина и 53 проценти во Солун. Вкупно 78 отсто од грчките трговци рекле дека не се задоволни од неделниот промет и оти тој бил многу помал отколку во претходните работни денови, јави дописникот на МИА од Атина.

Според истражувањето, повеќето од вработените во трговијата ја оценуваат мерката како крајно неефикасна.

Според закон од минатата година, продавниците во Грција мора да бидат отворени седум недели во годината. Според друг пропис, продавниците треба да бидат отворени сите недели во годината во одредени области на Грција, како што се популарни туристички дестинации, што засега е тест програма која ќе се проценува за можна примена во целата земја.

Трговската асоцијација на Атина остана на својот став продавниците да бидат отворени само седум недели годишно, одбивајќи да го примени другиот пропис.

И Националната конфедерација на грчките комори (ЕСЕЕ) спроведе студија која покажа дека седумте работни недели, од ноември 2013 до јули 2014 година, не придонеле за зголемен промет, можности за работа или за зголемување на платите.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија