Истрагата утврди: Русин со јорган си го задуши заспаното дете, со нож и го расече вратот на сопругата

Од:

Истрагата утврдила дека рускиот државјанин Г.А.Б. (51) ги уби сопругата Г.О.Б. и детето додека спиеле, по што се обеси. Како што е утврдено, детето го задушил со јорган, додека со нож и го пресекол вратот на сопругата.

Телата на жената (50) и синот (9) во вторник неколку минути по полноќ се пронајдени во посебни соби во кревети во стан во Панчево.

Истрагата утврдила дека мажот по двојното злосторство се обесил во истиот стан.

-Првите резултати од истрагата укажуваат дека Русинот најверојатно го задушил синот со јорган, а на сопругата со нож и го пресекол вратот. По двојното убиство си пресудил. Истрагата ќе утврди кој е мотивот – вели соговорник близок до истрагата за српските медиуми.

Семејството се преселило од Русија минатата година. Со нив до пред некој ден живеел и синот на убиената од првиот брак, но си заминал.

Од ова семејство немало пријави за нарушен јавен ред и мир.

Никој од соседите не забележал дека нешто чудно се случува.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија