Историска посета на Ципрас на Халки

Од:

Со приватна посета на Света Софија во Истанбул, грчкиот премиер го започна вториот ден од посетата на Турција, а веднаш потоа ќе замине за островот Халки каде што ќе има средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на прошетката во Света Софија, Ципрас беше придружуван од неговата партнерка Бети Базиана, министерот за образование на Грција, Гавроглу и од алтернативниот и од заменикот МНР, Катругалос и Боларис, но и од портпаролот на турскиот претседател.

„Нема да дадам изјава, многу сум среќен што сум тука, на ова историско место“, рече Алексис Ципрас од храмот Света Софија.

Грчкиот премиер, во 11:30 часот по локално време ќе пристигне на Халки, ќе ја посети Теолошката семинарија која од 1971 е затворена од турските власти.

Во Грција оваа посета се смета за историска, со оглед на тоа дека Алексис Ципрас ќе биде првиот грчки премиер од 1933, што ќе го посети Халки.

Паралелно ќе оствари средба и со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Вселенскиот патријарх, во петокот за време на литургија рече дека „посетата на Халки на премиерот на Грција има особена симболика“.

Би можело да ве интересира

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Алексис Ципрас, единствениот грчки премиер што оствари официјална посета на Скопје

А1он

Ципрас поднесе оставка од лидерското место во Сириза

Анадолија: Грција префрла оклопни возила на демилитаризираните острови во Егејското Море

Ципрас: ЕУ со недостиг на стратегија, визија и лидерство е големиот губитник од војната во Украина

Ергоган повторно и се закани на Грција: Ако го загубиме трпението, се може да се случи