Испити во Србија во просек се „купуваат“ за 300 евра, но мито за преодна оценка воглавно не се нуди директно на професорот туку на посредник, се вели во резултати објавени денеска од истражување на Белградската отворена школа.
Во истражување спроведено на факултети на четири државни универзитети во Србија, 16 отсто од околу 1.800 испитани студенти навеле дека мито најмногу се нуди на професор, 25 отсто на посредник додека 20 отсто давале мито на некој од администрацијата на факултетот.
Седум отсто студенти сметаат дека речиси сите професори примаат мито или подароци, додека 40 отсто од нив се со став дека мито примаат само десет отсто од нивните професори.
Во одлуката кому да пријават корупција, студентите ретко се обраќаат до деканот (8 отсто), на ректорот (шест отсто), на шефот на катедрата (33 отсто) и до Студентски парламент (25 отсто). Малку студенти сметаат дека за професор вмешан во корупција адекватна е затворска казна (8 отсто) туку мислат дека наставник треба да добие отказ (28 отсто), привремена суспензија (19 отсто) или опомена (16 отсто).